14:27 - 12 ноември, 2026

(ФОТО) ИСТОРИСКИ НАСТАН ВО ИРСКА: Црнка беше крунисана за Мис Ирска

памела уба мис ирска

Памела Уба влезе во историјата на 5 септември како прва црнка која беше крунисана за Мис Ирска. 26-годишната девојка ја освои титулата и златната дијадема на свечената церемонија на отворено во Каван, во историска победа на изборот за убавина, кој се одржува од 1947 година.

„Тоа ми значи многу“, рече Уба за нејзината победа. „Толку сум благодарна што можам да им покажам на девојките дека (бојата) не е нешто што ве спречува и не е важно од каде доаѓате, светот ви е на дланка“, вели таа за „Ирски Тајмс“.

Уба беше азилант од Јужна Африка пред да дојде во Ирска и во декември ќе ја претставува земјата на изборот на Мис на светот во Порторико. „Не можам ни да опишам колку сум возбудена што ја претставувам својата земја на таква огромна платформа. Едвај чекам“, вели Уба.

Уба планира да ја искористи својата титула и позиција за да му претстави на светот поразновидна слика за Ирска. „Доживеав расизам и ужасно е што слушам како луѓето ми велат да се вратам во својата земја кога работев напорно за да ја направам Ирска свој дом“, рече таа.

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....