16:01 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Неверојатно топло, проверете до кој степен се качуваат температурите!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски. 

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Според Попоски, во следните денови времето ќе се задржи сончево и натпросечно топло со умерена локална, повремено и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните предели од југозападен, додека во останатите од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Мал пад на температурите ќе има за Божиќ кога ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

Слични објави

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо
Се вчитува....