6.8 C
Скопје
04:13 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Каде ќе врне дожд, а каде ќе провејува снег денес

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд и тоа особено во јужните предели. На планините ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повеќе врнежи и во поголем дел од државава ќе има во понеделник. Во првите денови од следната недела ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, а особено во понеделник услови за врнежи од снег кој би бил релативно мокар ќе има и на некои места со надморска височина од околу или под 1000 метри, и тоа особено во западните и во северните предели.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени, додека пониски температури ќе имаме во понеделник и истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Уште поголемо заладување на времето, и тоа поради понатамошен продор на студен воздух од север се очекува од средината на наредната недела, односно од среда.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....