16:14 - 27 ноември, 2026

Фотографии кои го обиколија светот: Камион три дена висел над провалија, возачот вели дека ја следел навигацијата

Почетокот на 2022 година беше многу драматичен на северот на Кина, каде што дошло до инцидент, а само со помош на среќа биле избегнати сериозни последици.

Возачот на камионот ги следел упатствата на GPS навигацискиот уред и на тој начин дошол на тесен дел од патот. Камионот бил премногу широк за да помине, но возачот сепак продолжил. Сфатил дека нема да може да помине, па се обидел да се врати возејќи наназад и во еден момент за малку ќе паднал во провалија длабока речиси стотина метри.

Profimedia
Profimedia
Profimedia

Сцените од местото на несреќата изгледаат нереално, кабината и предниот дел на приколката висат од карпата, па вистинско чудо е како возачот успеал да излезе од кабината и да побегне на безбедно. Мотоциклист кој возел позади камионот, бил сведок на инцидентот.

– Овој пат има ограничувања и не може да помине возило кое е повисоко од два метри. Цел ден паѓаше снег, камионот продолжи да вози и излета од патот. Се обиде да се извлече, но за малку ќе паднеше од планината и сега сообраќајот е целосно блокиран – рекол очевидецот.

Акцијата на извлекување на камионот траела три дена, а во неа биле вклучени дури три шлепери. Со оглед на сложеноста на ситуацијата, немало друга алтернатива освен да се преполови возилото, за да може на парчиња да се извлече од опасниот пат.

Слични објави

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....