06:32 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дождови пред нас, еве точно кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Попладне и навечер, особено во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне и навечер ќе има услови за повремен дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Според Попоски, во следните денови времето ќе се задржи претежно облачно, во јужните и југоисточните предели ќе има услови за локален дожд. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека од среда истите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени. Сепак, наутро температурите речиси насекаде ќе се задржат над нулата.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....