08:04 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Значителен пораст на температурите, еве од кога!

– Како што најавивме, стабилно време ќе имаме уште утре, додека кон крајот на денот облачноста полека ќе се зголемува, и доцна навечер и во текот на ноќта кон вторник од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во вторник и локално, и тоа особено на запад ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени, додека во вторник накратко ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски,

Според Попоски, од среда па натаму ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од јужен правец.

Температурите, како минималните, така и максималните ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и тоа поради ИЗРАЗЕНОТО јужно воздушно струење, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.

– Според сегашните анализи, следниот викенд ќе биде уште потопло и понекаде температурите ќе се искачат до околу 25 степени, заклучува Попоски и додава:

– И во Скопскиот регион утре ќе се задржи стабилн о и суво време, додека во вторник ќе има зголемена облачност која ќе донесе врнежи од дожд. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 17 степени. Од среда и во Скопскиот регион ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 5 и 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 21 степен.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....