13:48 - 5 декември, 2025

Се крeва гласот на славните жени во САД: „Згрозена сум од одлуката на судот“, „фрустрирана сум!“, „не можам да поднесам ни да помислам на тоа“…

По одлуката на судот за забрана на абортус во САД, гласот на славните и моќни жени (па дури и мажи) се крена и се уште се крева во одбрана на самоопределувањето. Од Били Ајлиш до Мишел Обама, од Синди Лопер до Тејлор Свифт, Шер…сите се згрозени од страшната одлука!

„Денес е многу, многу мрачен ден за жените во Соединетите Држави“, рече Били Ајлиш синоќа од фестивалската сцена во Гластонбери:

„Зборувам затоа што не можам да поднесам ни да помислам на тоа“.

Се огласија и бројни други славни жени против одлуката на судот за забрана на абортусот.

Едни од нив се Тејлор Свифт , Шер, Марк Руфало кои се придружуваат на моќниот глас и зборовите на поранешната прва дама Мишел Обама која објави долга порака:

„Срцето ми е скршено денес“, започна таа и продолжува „Срцето ми е скршено за луѓето во оваа земја кои штотуку го изгубија основното право да донесуваат одлуки за нивните тела. Срцето ми е скршено што сега можеби ни е судено да ги научиме болните лекции од времето пред Роу да стане закон, време кога жените ризикуваа да ги загубат животите поради нелегални абортуси“, завршувајќи со апел да нема откажување во оваа борба за право.

„Нашите срца можеби се скршени денес, но утре мора да застанеме и да најдеме храброст да продолжиме да работиме за да создадеме поправедна Америка што сите ја заслужуваме“, вели Мишел Обама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama)

И Виола Дејвис, Бет Мидлер и Стивен Кинг, реагираа со тага и фрустрација откако Врховниот суд во петокот гласаше со 5 спрема 3 за забрана на абортусот.

„Тие го направија тоа. НИ НАПРАВИЈА! #SCOTUS го поништи #RoevWade, вграден во Уставот како закон повеќе од 50 години. Како се осмелуваат? Овој #SCOTUS е апсолутно глув на волјата, па дури и на реалните потреби на американскиот народ“, напиша Бет Мидлер на Твитер.

„Апсолутно сум преплашенa што тука сме каде што сме – што по толку многу децении луѓе кои се борат за правата на жените и за нивните сопствени тела, денешната одлука ни го одзеде тоа“. – се огласи Тејлор Свифт преку Твитер.

„Денес е тешко, но тука не завршивме затоа што во оваа земја секогаш ќе продолжи разговорот и борбата за нашите граѓански права. Еднаквост за сите, не само за некои. Застанете заедно со оние на кои им е најпотребна нашата помош во моментов“ напиша на Твитер Синди Лопер.

Се огласија и се уште се огласуваат бројни славни глумици, бизнисменки, политичарки, пејачки, телевизиски лица, и сите се против одлуката – згрозени, фрустрирани и со горчливо чувство на обесправеност.

Слични објави

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin
Се вчитува....