15:36 - 3 април, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Како да направите совршени ражничи овој викенд

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

А денес Теа ни подготви вистинска викенд уживанција, таканаречени ФИТ РАЖНИЧИ.

– Обично викенд сите на асоцира на дружба со семејството и пријателите. Затоа ви подготвив супер рецепт за фит ражничи кои може да си ги спремите за викендов и заедно со пивце да си уживате во ручекот или вечерата, ни рече Теа.
фото – приватна архива

Потребни состојки:

▪️800 гр. ражничи
▪️2 големи црвени пиперки
▪️2 големи зелени пиперки
▪️2 големи жолти пиперки
▪️1 главица црвен кромид
▪️масло за јадење
Начин на подготовка:
▪️Месото од пикник фит ражничите исецкајте го на поголеми коцки.
▪️Пиперките и кромидот исецкајте ги на коцки, приближно големи колку месото.
▪️Земете ги стапчињата за ражничи и почнете да ги боцкате прво парче месо, па парче црвена пиперка, парче жолта пиперка, парче зелена пиперка, парче месо, парче кромид, па парче месо. Така наредените ражничи испечете ги на скара.
На здравје и уживајте во овие ражничи заедно со вашите пријатели или со семејството!
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....