0.8 C
Скопје
06:04 - 27 октомври, 2026

(ФОТО) ЦВЕТЕН РАЈ НА 1.100 МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСИНА: Искусна фризерка, „исфризирани“ цвеќиња!

Славица Јуван има двор од кој застанува здивот, на локација – од која ќе ве „заболе главата“, се разбира, од убавини!

Дворот на оваа цветна дама се наоѓа на 1.100 метри надморска висини, во Голема Црцорија,село во областа Славиште, во близина на Крива Паланка, а се простира на околу 1.000 квадратни метри.

Славица има вешти раце – по професија е фризерка, со работно искуство од 30 години, а во слободно време – се посветува на својот преубав двор и на убавиците во него. Како што на нејзините клиентки им ги средува косите до совршенство и ги разубавува, таков однос нашата соговорничка има и кон цвеќињата.

– Со цвеќиња се занимавам од детството, цвеќињата се за мене како најблиски пријателки, со нив зборувам, се смејам, и си ги кажувам сите мои убави и лоши моменти. Тие за мене се живот, а дворот е рај во кој уживам од утро до мрак.

Славица одгледува разновидни цвеќиња и растенија за сите сезони во годината. Вели дека за неа сите цвеќиња се убави, и дека не може да издвои едно што е посебно – сите се посебни на свој начин!

– Секое цвеќе си има своја посебна убавина, пријатна за око и за себе, – одлучна е нашата соговорничка.

А, што им препорачува на оние кои сакаат да започнат со одгледување на цвеќе?

– Моја препорака е: сакајте ги цвеќињата, ќе ви го променат животот!

Инаку, Славица Јуван е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА. 

А ВАКА ИЗГЛЕДА ДЕНЕС ВО ЦВЕТНИОТ РАЈ НА СЛАВИЦА ВО ГОЛЕМА ЦРЦОРИЈА, КАДЕ СНЕГУЛКИТЕ ТАНЦУВААТ СО РАСТЕНИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....