14.8 C
Скопје
14:42 - 18 декември, 2024

(РАЗГОВОР) 16 ДЕНА, 16 ИЛУСТРАЦИИ ОД УМЕТНИКОТ ГОРАН КОСТОВСКИ – ИНДОГ: Феминизам е уште еден збор за еднаквост

Горан Костовски – Индог е уметнички директор, илустратор, дизајнер, уличен уметник и активист. Тој започнува со улична уметност во 1996 година како форма на изразување на своите ставови за општеството и со тоа ги рефлектира неговите вредности.

Традицијата на слободно изразување ја продолжува и денес, а во склоп на глобалната кампања за 16 дена активизам против родово базирано насилство, Индог секој ден црташе по една илустрација на тема – феминизам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Kostovski (@indog)

Која е врската помеѓу уметноста што ја создавате и активизмот? Дали сметате дека во променливото време во кое живееме уметноста треба да добие активистички карактер?

– Уметноста може кој сака да ја толкува, меѓутоа вистинската болка или пак можеби радост е онаа која што луѓето ќе ја доживеат. Моите дела секогаш се инспирирани од општеството и се во функција на некаква помош или пренесуваат порака… барем изминативе 25 години колку што активно творам. Јас не станав активист затоа што така решив, туку едноставно тоа што го чувствував и доживував лично, природно ме натера да реагирам за сите неправди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Kostovski (@indog)

Мојата желба и надеж за подобро се некоја утопија во денешно време каде што животната средина ја третираме како да е целосно небитна, а човековите права се газат секој миг, каде што луѓето се уплашени за себе и за најблиските и се плашат да проговорат за тоа што им се случува, каде што луѓето речиси заборавија дека треба да се луѓе со емпатија и сочувство. Mоите илустрации се секогаш полни со надеж за подобро утре, јас создавам за сето тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Kostovski (@indog)

Зошто ги направивте илустрациите и каква перспектива нуди вашиот род на прашањето за родово базирано насилство? Зошто е важно, токму – маж да заземе став?

– Јас сум растен со силни жени, многу е битно да сме еднакви во ова наше општество. Кога зборувам за еднаквост буквално мислам на: еднакви плати, еднакви услови за кариерен развој, еднаква поддршка без разлика дали некоја жена е сиромашна, богата или пак трансродова. Јас се залагам за еднаквост пред сè, кај мене е необјасниво како овие теми мораме да ги дискутираме затоа што навистина не е нормално да се третираме со понижување. Пред сè ги нацртав илустрациите затоа што за мене е многу поразително кога некоја жена или девојка зборува за своето непријатно искуство – сексуално или физичко насилство, луѓето секогаш наоѓаат начин како додатно да ѝ наметнат дека таа е крива, дека сè на нејзе нешто ѝ се случува итн… Тоа доведува сите овие жртви длабоко во себе да се замолчат и цензурираат и да носат трауми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Kostovski (@indog)

– Илустрациите им оддадоа почит и љубов на сите овие жртви. Јас цели 16 дена додека траеше глобалната кампања за 16 дена активизам против родово базирано насилство секојдневно цртав на одредена тема како поддршка. Најчесто следев што се случува по интернет и реакциите од сите тие токсични коментари ме провоцираа и инспирираа за да кажам што мислам, навистина е битно да не се потценуваат сведоштвата на жртвите и да им се додава нормализација на обвинување. Жртвите на родовото насилство не се сами, Нè имаат сите нас! Доколку имате контакт со жртва која што прошла низ овој хорор пробајте да ја: Слушнете, поддржете и да ѝ верувате. Навистина многу е битно да се разбере дека родовата еднаквост треба да ги засега и мажите бидејќи колку повеќе еднакви права создаваме толку подобро ќе биде и нашето живеење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Kostovski (@indog)

Како реагира нашата околина на маж феминист?

– Реакциите се секакви, и добри и лоши. Ми значат и едните и другите и ми помагаат со тек на време да не реагирам на длабоко фрустрирани личности кои што се научени само да го исмејуваат тоа што не го разбираат и пробуваат на секој начин да те замолчат само за тие да се чувствуваат комфорно во нивната омраза и привилегираност. Лесно е да мразиш – ама многу е лесно, како да останеш човек е најголемиот предизвик во ова време. Исто така морам да признаам дека поддршката е навистина прекрасна и секогаш убаво се чувствувам кога ќе добијам порака дека ептен некому му значи тоа што го цртам. Подоброто е возможно, само ние треба да дозволиме тоа да се случи. Да бидеме подобри луѓе овде и сега!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Kostovski (@indog)

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....