6.6 C
Скопје
03:53 - 1 април, 2026

ИНДИСКОТО ЛЕТО ПРОДОЛЖУВА: Издржете само до викенд!

– До крајот на денешниот ден ќе има услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец, кој во североисточните предели повремено ќе засилува на интензитет. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од источен правец. Мали се условите за ретка појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 25 степени.

Според Попоски во следните денови, времето ќе биде умерено, локално и значително облачно со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

– Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот претежно од 21 до 27 степени, додека уште потопло ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, објаснува метео прогнозерот. 

УВ ИНДЕКСОТ во следните денови ќе има умерено висока вредност (коефициент помеѓу 4 и 5).

И во Скопскиот регион во следните денови ќе има умерено, локално и повремено и значително облачно време, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 27 степени.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....