18:57 - 16 септември, 2026

ГО ЗАГУБИ СВОЕТО БЕБЕ, ПА СЕ ПРЕДАДЕ НА АЛКОХОЛОТ: Криси Тајген прозборе за тешката година

криси тајген

Поранешниот модел и сопруга на пејачот Џон Леџенд, минатата година го загуби бебето во 20-та недела од бременоста… Очите на јавноста беа вперени во неа поради скандал со злоставување од минатото. А, потоа се препушти на алкохолот… Сега единствената Криси со своите бројни обожаватели сподели среќна вест!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

35-годишната Криси Тајген помина низ навистина тешка година. Имено, во октомври минатата година, таа го загуби своето бебе во 20-та недела од бременоста, а подоцна се најде среде скандал со злоставување од 2011 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Манекенката и музичарот со своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“ постојано споделуваат моменти од приватниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Криси во својата најнова објава раскажа како се препуштила во канџите на алкохолот, но и дека е трезна веќе 50 дена.

„Јас сум трезна 50 дена! Требаше да биде една година, но понекогаш знаев да се напијам по некоја чаша и да скренам од патот. Ова е најдолго досега да сум трезна. Сè уште не знам дали некогаш повторно ќе пијам, но знам дека повеќе алкохолот не ми одговара. Не се забавувам, не танцувам, не ме опушта. Се разболувам, заспивам и се будам болна, пропуштајќи го она што веројатно било забавно. Порано се забавував со алкохол и го ценам секој што може да ужива одговорно во него! Ова е и трет ден како вежбам оваа недела, што за мене е многу чудно“, призна Тајген во својата емотивна објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Ја поддржаа бројни ѕвезди, а секако, ја поддржаа и нејзините обожаватели и следбеници.

Денес правам девет години откако се откажав од алкохолот. Најдобра одлука досега. Можеш и ти“, коментираше една нејзина обожавателка.

Ти благодарам што го сподели ова со нас. И јас сфатив дека алкохолот веќе нема цел во мојот живот, но понекогаш ми е тешко да издржам без него. Ти благодарам што ме инспирираше“, ѝ коментираше друга обожавателка под објавата на манекенката.

Слични објави

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо

(Фото) „Колку повисоко се искачувам, толку потивок станува светот“: Александра Спировска покажа која е нејзината нова страст

Еспресо

„Се чувствувам како да сум во моите дваесетти години“: Јелисавета Орашанин изгледа неверојатно, ја откри тајната на совршеното тело

Еспресо

За сите убави моменти што допрва доаѓаат – есенската колекција на свечени фустани пристигна во „Прагма“

Еспресо

Да се потсетиме на Калиопи во „Среќна Нова ’49“: „Пиши ми“ како дел од незаборавната филмска атмосфера

Т.Ц.

(Фото) „Сѐ е помалку важно од семејството“: Јована Јеремиќ отиде да ја земе ќерка си од училиште со свршеникот

Еспресо
Се вчитува....