13.8 C
Скопје
16:50 - 17 март, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Вегански чизкејк со кокос и калинка од кој ќе посакате и второ парче

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).

Кујната на „Cooking with Branko“  сподели НОВ вкус од #cheesecakes на #CookingWithBranko – кокос и калинка. Направен со многу љубов, да заслади на здрав начин и да расположи многу ликови.

Време кога калинката ја има на сите пазари, искористете ја за подготовка на здрава и вкусна торта за целото семејство.

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Здрав и вегански чизкејк од тиква по кој полуде целиот Инстаграм

Потребни состојки

За долниот дел
100гр. кокосово масло
100гр. ореви
100гр. индиски ореви
50гр. урми
50-80гр. брусница
Цимет
1 лажичка путер од лешник
2 лажички масло од лешник

За кремот
300гр. веганско маскарпоне
1 конзерва млеко од кокос
2 лажички екстракт од урма (засладувач)
1 лажичка екстракт од ванила
Една калинка

За декорација
Калинка

чизкејк
фото: приватна архива

Начин на подготовка

Во блендер додадете ги состојките за подготовка на долниот дел од тортата. Убаво изблендирајте. Формирајте смеса која ќе ја притиснете со рацете за киш тавчето за да се формира убава кора. Оставете ја смесата во фрижидер околу 10 минути до 15 минути.

Во длабок сад додадете го маскарпонето, млекото од кокос, екстрактот од урма и почнете да матите со миксерот. Постепено додадете ги и останатите состојки. Ќе добиете хомогена смеса која пред да ја ставите врз кората, гледајте да биде стегната односно зацврстена. Калинката додадете ја на крај и промешајте со лажица да се измеша убаво со кокосовото млеко и маскарпонето.

Врз кремот додадете малини калинка.

Препуштете се на максимално задоволство и уживање со секое парче од оваа вкусна и здрава торта.

чизкејк
фото: приватна архива
чизкејк
фото: приватна архива

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Засладете си ја душата со чизкејк со слатко од зелени смокви

Слични објави

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо
Се вчитува....