1.8 C
Скопје
00:26 - 12 март, 2026

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Венецуела, Западна Индија и Турција?

појадок

Појадокот кај нас знае да биде бурек или кифла со јогурт за тие што се „на нозе“ или класичните јајца или можеби ретро: леб со мед, путер и чаша чај. Но, остатокот од светот практикува со друг тип на храна да си го почне денот.

Венецуела

Качапас

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cachapas Don 70 (@cachapasdon70)

Многу луѓе ги мешаат качапас со арепас и сметаат дека тие две се исто, но не е така. Качапас се слатки палачинки од пченка, обично наполнети со „кеско де мано“, меко сирење слично на моцарела, а понекогаш и придружено со малку пржена сланина на страна. Арепас се уживаат и за појадок, и се мали, лебчиња слични на палачинки, направени со тесто од пченка. Но, наместо да се полнат, а потоа да се готват, арепите се готват, а потоа се разделуваат и се полнат како сендвич.

Западна Индија

Канде Пох

Во Западно Индиските држави Махараштра, Мадја Прадеш, Телангана, Карнатака и Гуџарат, чест појадок е јадење наречено „канде похе“. Ова јадење е направено со истапкан ориз (или похе) – суви снегулки кои лесно ги апсорбираат течностите и лесно се варат. Снегулките се печат со чили, кромид, семе од синап, ким и лисја од кари. Понекогаш канде похе се сервира со густа каша наречена упма или солени палачинки со повеќе зрна наречени талипит, сервирани јогурт.

Турција

Менемен

Во Турција, појадокот е поврзан со јајца, особено со пржени јајца. Менеменот, направен со едвај зготвени пржени јајца, домати, чили, зачини и многу маслиново масло, обично се јаде со печен леб.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....