9.8 C
Скопје
10:15 - 27 октомври, 2026

(ФОТО) БРАВО: Михаела Лазаровска урна 14 години стар рекорд во скок во височина

Викендов во Скопје се одржа атлетскиот младински Куп на Македонија. Падна еден рекорд, истиот го постави Михаела Лазаровска од АК Центар.

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје овој викенд се одржа атлетскиот младински Куп на Македонија. Дводневната програма беше исполента со 16 дисциплини, учество земаа по девет тима во машка и во женска конкуренција.

Во центарот на вниманието се најде Михаела Лазаровска. Членот на АК Центар урна рекорд стар 14 години. Во дисциплината скок во височина, таа го надмина остварувањето на Сања Илиева АК Кавадарци.

Лазаровска прескокна 167 сантиметри, еден повеќе од Илиева во 2007 година, и стана нова рекордерка во дисциплината скок во височина кај дамите во младинска категорија.

Севкупен победник на младинскиот Куп на Македонија е АК Работнички со 75 бодови, голем дел од нив или вкупно 59 овој клуб ги освои во машка конкуренција. На второто место на севкупниот пласман се најде АК Центар со 60 бода, зад него е АК Делта со седум бода помалку, по што следуваат АК Куманово, АК 7-ми Мај, АК Лириа, АК Дрини Старт, АК Олимп и АК Охрид.

Работнички доминираше во машка конкуренција, со 59 бода, додека во женска конкуренција убедливо најдобар беше АК Центар со 60 бода.

Сликата од Арената „Тодор Проески“ беше прекрасна, на едно место продефилираа голем број на идни македонски атлетски ѕвезди, а Купот на Македонија се одигра согласно со насоките на надлежните институции во време на Ковид-19.

Атлетската федерација на Македонија на сите учесници им честита за остварените резултати.

Резултатите во сите дисциплини можете да го видите на следниот ЛИНК. 

Слични објави

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо
Се вчитува....