11:51 - 25 февруари, 2026

УТРЕ,16.ОКТОМВРИ: Промоција на нова книга од Братислав Димитров – „Дремка за двајца“

Утре, 16.октомври, во Градска кафеана „Пелистер“ на Плоштад Македонија со почеток во 12 часот ќе се одржи промоција на новата книга на драматургот и колумнист Братислав Димитров.

„Дремка за двајца“ претставува избор од стари, но и нови колумни и раскази кои ќе ве насмеат до солзи и ќе ви разбудат позитивни чувства и емоции.

Имено, станува збор  за книга, без дневна политика, која содржи многу хумор и страст.

Промоцијата ќе се одржи на летната тераса и според важечките протоколи за посета на угостителски објекти. 

Братислав Димитров е роден на 22 март 1952 година во Скопје. Се школувал во две осмолетки, четири гимназии, два факултета и едно стручно школо (не секогаш по своја воља). Дипломирал на факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Постојан апсолвент на книжевност. Носител на мустаци од 1971 година. Живеел и работел во Лондон, Амстердам, Норвешка и т.н., како келнер, возач на виљушкар, продавач на бензин, дискџокеј… Бил кандидат за градоначалник на Скопје. Триесет и осум години бил  драматург во Македонскиот народен театар и две години директор на „Театарот за деца и младинци“.

Напишал единаесетт драми: „Глоговиот џбун“, „Револуционер“, „Бисери и свињи“, „Дас капитал“, „Мавзолеј“, „Кошмар“, „Ни ќар ни зијан“, „Лични огласи“, „Ноќите во бел сатен“, „Најважната работа на светот“ и „Тајното оружје“.  Една монодрама “Како најсините очи на сите времиња… “ и нова верзија на “Кутрите мали хрчки” од Гордан Михиќ. Напишал и три пиеси за деца: „Пупи Паф“, „Свадбата на Итар Пејо“ и „Крале Марко“. Сите драми се изведувани во Македонија а некои и надвор од неа.

Почнал да пишува колумни уште од 1969-71 година во тогашниот студентски весник „Фокус“, а потоа во „Жена“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Теа модерна“, „Публика“ и „Радио Слободна Македонија…“

Издал пет книги со колумни: „Малку блуз за твојата душа“, „Најважната работа на светот“, „Симни го малку небото за да се качам“, „Последните акорди на тишината“ и „Рецепти за осаменост“. Во подготовка е најновата книга „Дремка за двајца“. Неговите книги се печатат во големи тиражи, а првите две (заедно со Теа модерна) во фантастични 70.000 примероци! Тој е еден од ретките автори во светот кој подеднакво е читан од млади и стари, богати и сиромашни, монахињи и монаси, криминалци и проститутки, академици и работници…

Изведувани му се сценарија за шоу програми, музички спотови и телевизиски драми. Автор е на ТВ-сериите „Салон хармони“, „Обични луѓе“ и  е коавтор на серијата „Од денес за утре“. Режирал две претстави: “Луди за љубов” од Сем Шепард и кореодрамата “Последната игра” според сопствено либрето.

Учествувал на неколку европски и светски фестивали.

Награди: Главна награда за улогата во ТВ- драмата “Томе од бензиската пумпа” на ТВ-фестивалот во Порторож. Главна награда за драмските текстови “Глоговиот џбун” и „Ноќите во бел сатен“ на театарските игри “Војдан Чернодрински” во Прилеп. Главна награда на анонимниот конкурс за свечено отварање на новиот театар „Ј.Х.-Џинот“ во Велес и „13 Ноември“ награда на град Скопје од областа на културата.

Заедно со Петар Темелковски и Петар Мирчевски го измислил правецот „Џукелизам”.

Засадил седумнаесет дрвја пред зградата во која живее.

 

 

 

 

 

Слични објави

Надица Адемов си купила стан во Белград, искеширала 380.000 евра

Еспресо

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

apostolova

(Фото) Скапи брендови на сите страни: Катарина Живковиќ се пофали со дел од плакарот во својот луксузен дом

Еспресо

(Видео) Тиктокер го провоцирал Драган Бјелогрлиќ во белградско кафуле, актерот му го оттурнал мобилниот

Еспресо

Хороскоп за 25 февруари: Раковите добиваат емотивна јасност, Водолиите прават чекор што носи олеснување

Еспресо

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо
Се вчитува....