08:35 - 16 ноември, 2026

МОЖЕ ДА ДОБИЕ ОТКАЗ ОД РАБОТА ЗАТОА ШТО ГИ СЛУША „IRON MAIDEN“: Директорка на училиште во Канада нападната од родителите

Шерон Барнс, директорка на канадско средно училиште во Еден, моментално е под притисок на родителите на учениците кои на Фејсбук открија дека ја слуша групата „Iron Maiden“ и затоа побараа таа да добие отказ. 

Незадоволните родители побарале смена на директорката бидејќи, според нив, таа отворено изразува симпатии кон сатанските симболи и окултните практики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iron Maiden (@ironmaiden)


– Отвореното прикажување на сатанските симболи е директно во судир со вредностите на училиштето. Затоа бараме да се смени Шерон Барнс и на нејзино место да дојде друг директор – стои во петицијата потпишана од 553 родители, пишува „Independent“.

Меѓутоа, неколку ученици одлучија да застанат на страната на директорката. Досега, нивната петиција е потпишана од нешто повеќе од 22.000 луѓе. Тие изјавија дека не ја одобруваат осудата на директорката врз основа на нејзините објави на социјалните мрежи и дека властите не смеат да го игнорираат фактот дека Барнс одлично ја обавува работата во училиштето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafaela De Conti (@rafadeconti)


– Таа направи многу напори да ги научи учениците дека Еден е место каде што се почитуваат разликите, па дури и направи посебна просторија во која учениците можат да се молат. Ова е просторија што може да ја користат сите студенти кои се од христијанска вера. Тоа го направи училиштето побезбедно и тоа е еден од најдобрите и најрасположените директори што некогаш го имало ова училиште, напишаа учениците во петицијата.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....