13.8 C
Скопје
12:29 - 18 април, 2024

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Вкусот на Шпанија во вашиот дом – паеља со морски плодови

паеља, готвиме со теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Посни сникерс коцки – брзо се прават, уште побрзо се јадат!

Доколку сакате да го почувствувате и уживате во вкусот на традиционалното јадење на Шпанија денес подгответе си паеља со морски плодови за ручек или вечера. Паељата потекнува од Валенсија и не постои ресторан во Шпанија кој не го служи ова нивно традиционално јадење. Најчесто ги служат со морски плодови или пилешко.

Потребни состојки:

  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 3 поголеми моркови
  • 1 домат
  • 2 црвени пиперки
  • 1 чаша замрзнат грашок
  • 300 гр ориз
  • 900 мл бистра супа (коцка супа од зеленчук или пилешка)
  • 2 свежи лигњи и 12 ракчиња или 400 гр. замрзнати морски плодови
  • 2 лажици бело вино
  • сол и црн бибер
  • 1 лажичка црвен пипер
  • масло
  • свеж магдонос и лимон за декорација

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Прекрасни пица панцероти – љубителите на домашно тесто ќе „полудат“

Подготовка:

Во подлабоко тавче за пржење ставете масло да се загрева. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го да се пржи. Пржете 2 мин додека кромидот да се кристализира, а потоа додадете ги морковите исецкани на поситни коцки. Додека се пржат морковите и кромидот исецкајте ги пиперките и лукчето и додадете ги и нив во тавчето да се пржат. Лигњите убаво измијте ги и исецкајте ги на кругови, а потоа додадете ги да се пржат. Пржете на средна температура со повремено мешање. Додека се пржат лигњите исецкајте го доматот и потоа додадете го во тавчето. Пржете уште 2-3 мин и потоа додадете го исчистениот ориз, грашокот, црвениот пипер и претходно сварената супа. Посолете и наросете мелен црн бибер и оставете ја паељата да се вари додека оризот не ја собере целата течност. Повремено мешајте за да не ви загори. При крај на варењето додадете го виното и наредете ги ракчињата врз оризот. Покријте со капак и оставете ги 5-10 мин така покриени додека да добијат розева боја. На крај исецкајте свеж магдонос и лимон на резанки и ставете ги врз паељата. На здравје и уживајте во вкусот на Шпанија!🇪🇦🇪🇦

Слични објави

Дадилката на децата на Харис и Мелина Џиновиќ признава: „Ѝ ги перев и гаќите, беше скржава!“

еспресо

Драгана Мирковиќ сè жртвувала заради Тони: „Дали сте свесни колку ризикував?“

еспресо

Што појадуваат децата на Новак Ѓоковиќ секој ден: Билна исхрана подготвена од навечер

еспресо

(Фото) Внукот на Цеца го прослави првиот роденден: Раскош, сини балони, кадифени мечиња, елегантна трпеза

еспресо

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо
Се вчитува....