20:10 - 17 јули, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Прекрасни пица панцероти – љубителите на домашно тесто ќе „полудат“

готвиме со теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Љубителите на домашно тесто ќе „полудат“ по овие прекрасни пица панцероти. Толку се меки и вкусни, што ќе ги снема додека да трепнеш, вели Теа.

Потребни состојки (10-12 панцероти):

За тесто:

  • 500 гр брашно
  • 250 мл млако млеко
  • 1/2 свеж квасец
  • 100 мл масло
  • 1 јајце
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 мала лажичка шеќер
  • сусам

За фил:

  • Кашкавал
  • Сланина или шунка
  • Свежи печурки
  • Оригано
  • Кечап

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете го брашното и измешајте го со солта. Во млакото млеко растворете го квасецот заедно со шеќерот и оставете го десетина минути да стаса. Во брашното направете дупка и во неа ставете ги стасаниот квасец, белката од јајцето и маслото. Формирајте тесто и оставете го да стасува 30-40 минути покриено со крпа. Откако ќе стаса тестото размесете го на мрсна подлога и поделете го 10 до 12 топчиња. Покријте ги топчињата со крпа за да не се суши тестото и оставете ги да одморат 5 минути. Од секое топче расукајте округла коричка. Намачкајте ја кората на едната половина со кечап, наредете малку кашкавал, малку сланина, малки сецкани печурки и оригано. Со другата половина превиткајте ја кората и со помош на вилушка притиснете ја кората по ивицата за убаво да се затвори и при печењето да не излезе филот. Наредете ги панцеротите во тавче за печење обложено со мрсна хартија. Намачкајте ги панцеротите со жолчката и наросете сусам. Печете ги во загреана рерна на 250 степени околу 15 минути.

На здравје и уживајте во овие преубави пица панцероти.
.

Слични објави

(Фото) Моника Црнокрак со момчето ужива на планина: „Скриени места во лето“

Еспресо

Десингерица одговори на петицијата за забрана на неговите настапи во Црна Гора: „Тоа се лични фрустрации“

Еспресо

(Фото) Ова е новата девојка на Виктор Живојиновиќ: Зеленоката убавица ужива во луксузен живот

Еспресо

Цеца првпат проговори за бебето на Анастасија: „Одам да се дружам со мојот внук“

Еспресо

Тројански коњ во природна големина, импресивна актерска постава… Сè што можеби не сте знаеле за филмот „Одисеја“

Т.Ц.

(Фото) Најзгодната српска актерка покажа како ја одржува линијата – се качи на шипка, се истегнуваше и висеше наопаку

Еспресо
Се вчитува....