3.8 C
Скопје
06:49 - 26 април, 2024

НАЈТАЖНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ВО ЗОДИЈАКОТ: Кој е нивниот тригер?

тага

Астрологијата е многу значајна кога станува збор за предизвикувачите на депресивни расположенија, јасно покажува кои хороскопски знаци најмногу страдаат, кои се најчестите причини за истите и како и колку брзо се опоравуваат од неа.

Хороскопските знаци се рангирани од најдепресивни до најмалку депресивни, а за секого е објаснето што ги предизвикува овие чувства.

Рак

Ракот е најташен кога изгледа лошо. И бидејќи се толку емотивни, тие се повеќе склони кон депресивни расположенија отколку другите знаци. Да, можеби звучи површно, но Раковите многу го сакаат својот изглед, па ако не си се допѓаат, веднаш им се менува расположението.

(ФОТО) СТАРОРИМСКИ ХОРОСКОП: Дознајте која птица сте и што значи тоа за вашата судбина

Вага

Опседнати со контрола, Вагите се прилично тажни, па дури и депресивно што не можат да контролираат сè. Нивната неодлучна природа влијае и на нивните емоции, што може да ги наведе да не знаат ниту како се чувствуваат. Кога нешто е надвор од нивната контрола, тоа целосно ги излудува.

Риби

Рибите паѓаат во депресија поради семејството, не заради луѓето, туку замислените идеални врски што би сакале да ги имаат. Кога односите не се во согласност со ова, Рибите се повлекуваат сè подлабоко во себе. Тие се многу чувствителникога станува збор за најблиските, нивната фасада се распаѓа и брзо запаѓаат.

ТЕШКО ЌЕ ИЗУСТАТ: Кои хороскопски знаци најтешко кажуваат „те сакам“

Бик

Стагнацијата го депресира Бикот, и кога се чувствува заглавено, промената во расположението доаѓа одеднаш и во полна сила. Проблемот е што Биковите самите се доведуваат во ситуации во кои нема никакви предизвици за нив, што на крајот им здосадува и поттикнува чувство на беспомошност. Иако се свесни за своите грешки, тешко се активираат за да ја променат ситуацијата што ги депримира.

Девица

Овој хороскопски знак е голем мислител. Тие стануваат многу депресивни размислувајќи за сопствениот живот. И бидејќи не престануваат да размислуваат за своите подеми и падови, тоа може да доведе до емоционална исцрпеност. Девицата има тенденција да создава измислени сценарија, и тие сценарија секогаш завршуваат катастрофално. Ги предвидуваат лошите времиња што следат, и со тоа ја уништуваат среќата на сегашниот момент поттикнувајќи ги депресивните чувства за нешто што дури и не се случило.

НАЈУБАВИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Знаете ли кои се?

Скорпија

Скорпијата го потиснува стравот и предизвикува тој да премине во депресија. Додека уживаат да живеат бестрашно, да го прават она што го сакаат и да ги жнеат плодовите на својот труд, тоа им се допаѓа толку многу што постојано се свесни за идејата дека тоа нема да трае вечно.

Близнаци

Близнаците се депримираат од љубовни проблеми, особено кога не ги очекуваат. Да, сите ние се чувствуваме депресивно кога срцето ни е скршено, но Близнаците за разлика од другите никогаш не можат да го преболат тоа и да продолжат понатаму. Ќе го носат „предавството“ и изгубената љубов со себе целиот живот. Дури и кога се смеат, запомнете дека ова се луѓе кои многу добро ги кријат своите чувства.

КОГА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ БИ ИМАЛЕ СУПЕР МОЌ: Каква моќ би поседувале?

Овен

Овенот станува депресивен кога го игнорираат, иако тоа ретко се случува затоа што Овенот е експресивен, гласен и весел знак. Тие сјаат, и кога ќе се случи да не го добијат целото внимание кое очекуваат да биде насочено кон нив, тие тонат. Упорни се во добивање на одобрување од околината, а кога тоа не е случај, запаѓаат. За среќа, брзо се опоравуваат и продолжуваат понатаму.

Јарец

Јарците се депримираат од фактот дека стареат затоа што не можат да прифатат дека тоа е природен процес и секогаш даваат сè од себе за да го „одложат“. Јарците први посегнуваат по магијата на козметичка хирургија за да го сменат изгледот.

КОИ СЕ АВТОДЕСТРУКТИВНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ВО ВРСКА: Најголем непријател самиот на себеси

Лав

Лавот многу се вознемирува кога не го добива она што го сака, без разлика дали станува збор за личност, некоја работа или идеја. Лавот мора да има контрола, и кога работите не одат според планот, се разочарува. Но, за разлика од повеќето, тие не ги кријат своите чувства, туку сакаат сите околу нив да ги видат и да бидат свесни за истите. И покрај ова, нивната огнена личност не им дозволува да останат долго во такво расположение.

Стрелец

Стрелците не сакаат да бидат сами имајќи предвид дека тие се најголемите авантуристи во Зодијакот. Изненадувачки, еден од знаците на кои понекогаш ми е многу удобно во својата самотија во суштина се грижи дали истата ќе потрае предолго. Иако звучи чудно, Стрелците се осамени луѓе кои сакаат да бидат сами… За среќа, тие брзо го надминуваат ова чувство и веднаш тргнуваат во нова авантура.

ЛАВОВСКО СРЦЕ: Еве кои се четирите најхрабри хороскопски знаци

Водолија

Водолиите не трпат критики. И поради тоа, тие ќе поминат цела вечност обидувајќи се да докажат дека се во право. Самата борба ги ослабува и влијае врз нивната самодоверба бидејќи не знаат како да се одбранат. Оваа борба речиси секогаш ги исцедува емоционално, но за среќа не сакаат премногу да се справуваат со интроспекција, па брзо се опоравуваат од овие „удари“ и со задоволство продолжуваат понатаму.

Слични објави

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо
Се вчитува....