08:36 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Повторно стартува индиското лето…, еве како ќе изгледа!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Претпладнево по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината претпладнево ќе има појава на ниска облачност, додека во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Според Попоски, до крајот на оваа недела ќе имаме променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат релативно високи и НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, додека за време на викендот понекаде температурите ќе се искачат дури до околу 25 степени.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....