14:34 - 27 август, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ИНТЕГРАЛНО ЛЕПЧЕ СО СЕМКИ: Уживајте во секое залче!

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ БОМБИЦИ ОД ТИКВА: Превкусни се, а одземаат само неколку минутки за подготовка

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи интегрално лепче со семки.

„Ако до сега сте се прашувале за најубавиот рецепт за интегрално лепче, ова е тоа што ви треба. неодамна го открив и не би го заменила за ниеден! Колку и да ви го фалам лепчето, мора сами да си го пробате. Всушност рецептот е многу едноставен и многу брз, направете си го со мнооогу љубов и уживајте во секое залче“, вели нашата драга Мартина.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСНИ И ЗДРАВИ БАРОВИ ОД 3 СОСТОЈКИ: И во петок може да си ја задоволите желбата за благо

Потребни состојки:

  • 500 мл млака вода
  • 750 гр интегрално брашно
  • 15 гр сув квасец
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица сол
  • 50-70 гр сончоглед
  • 50-70 гр сусам
  • 50-70 гр ленено семе
  • 50-70 гр семки од тиква

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Најпрво измешајте ги брашното и сувиот квасец. Додадете ги и солта, медот и маслиновото масло, измешајте ги и семките, па додадете ја водата. Јас најпрво мешам со дрвена лажица дури малце не се соедини смесата, па тестото го префрлам на набрашнета површина. Измесете го убаво некои 5-10 минути дури не добиете убаво меко мазно тесто (без грутки). Вака тестото оставете го во сад покриен со кеса и крпа околу 1 час на топло. Јас го делам на 2 дела и печам 2 лепчиња.
Вие можете како едно поголемо лепче или неколку помали. Префрлете ги на хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 180 С околу 40-тина минути. Извадете од рерна, попрскајте со вода и ставете ги на решетка или на плехчето и покријте ги со крпа. Оставете целосно да изладат, па може да уживате во овие убавини.

Доста заситува и едно средна големина парче отприлика би имало околу 100-150 калории. Замрзнете си го и вадете си по потреба. Нема да сакате да купите леб уште еднаш.

Слични објави

Богатството на Доли Партон се проценува на 450 милиони долари: Кој ќе ја наследи империјата?

Т.Ц.

Нина Бадриќ донираше дел од хонорарот на семејство кое изгуби сè во пожарот во Омиш

apostolova

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Еспресо

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

(Фото) Го одврза ќесето – Јелена Карлеуша ги однесе ќерките на шопинг во Дубаи

Еспресо

Видео од настапот на Дарко Лазиќ предизвика сaркастични реакции на социјалните мрежи

Е.А.
Се вчитува....