16.8 C
Скопје
13:09 - 14 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Подгответе се за минусни температури, еве од кога!

– До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денов и во вечерните часови, долж Повардарието ќе започне да дува засилен северен ветер, со што од север ќе започне да се спушта постудена воздушна маса, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Температурите на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Исто така попладнево и вечерва, особено на запад и на север ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд.

Според Попоски, од утре ќе имаме нешто пониски температури, а утре исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен долж Повардарието и во источните предели. Температурите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север, и од утре па натаму максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

– Во текот на следната седмица, наутро ќе биде значително постудено, кога минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под нулата, односно истите понекаде ќе се спуштаат и до околу -2, -3 степени. Времето пак ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо
Се вчитува....