12.8 C
Скопје
21:30 - 19 октомври, 2026

Штипскиот Питагора Дамјан Давков го освои првото сребро за Македонија на Европската олимпијада

Штипјанецот Дамјан Давков, кого го нарекуваат уште и штипскиот Питагора се закити со сребрениот медал и влезе во историјата како првиот добитник на оваа награда за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика. Овој натпревар се одржува веќе шест години по ред. На социјалните мрежи стасуваат безброј честитки и пофалби за младите информатичари.

Покрај сребрениот медал за Дамјан, олимписка пофалба освоија и Никола Стојковски и Владимир Грчев.

„Македонските тимови при досегашните учества на оваа олимпијада имаат освоено 3 бронзени медали, а успехот на јуниорите ветува дека во иднина ќе имаме и одлични натпреварувачи за интернационалните натпревари на средношколско ниво“, велат од Здружението на информатичарите на Македонија.

„Тимот кој ја претставува нашата земја е составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Никола Стојковски од Скопје, Дамјан Давков од Штип и Владимир Грчев од Кочани, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)“, велат од здружението.

Македонските информатичари годинава се очекува да настапат и на Балканска олимпијада по информатика, на почеток на октомври, во Букурешт, Романија и Европската олимпијада за девојки во Анталија, Турција во втората половина на октомври.

 

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....