13:08 - 13 ноември, 2026

Седумнаесет загинати во ракетниот напад на станбена зграда во Одеса, меѓу нив и деца; Утринава напад и на Миколаев

Најмалку 17 лица загинаа откако два руски проектили во раните утрински часови погодија катна станбена зграда и рекреативен центар во јужниот пристанишен град Одеса во петокот во раните утрински часови. Ова го пренесуваат украински извори.

Украинската војска издаде предупредување со кое ги повикува жителите да побараат засолниште откако се слушнаа три експлозии и предупредувања за воздушен напад непосредно пред 1 часот по локално време.

Десет проектили утринава го погодија и Миколаев

Утрово десет проектили беа истрелани од руски војници во рок од 25 минути врз Миколаев, јужна Украина. Ова го соопшти градоначалникот Олександр Сиенкович, известувајќи дека локалните објави на Телеграм зборуваат за голем облак од чад што се издигнал над градот по експлозиите. Во моментов нема информации за последиците од бомбардирањето, пренесува Униан.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....