04:04 - 27 ноември, 2026

Се купува руска нафта: Кинеските компании го зголемуваат увозот

Кинеските компании, вклучително и државната рафинерија „Sinopec“ и државната нафтена компанија „Zhenhua Oil“, го зголемиле купувањето на руската нафта поради поповолните цени за долгорочни аранжмани, по Западните санкции против Русија.

Саудиска Арабија стана вториот најголем добавувач во Кина со количества кој во мај на годишно ниво пораснале за 9 отсто, на 7,82 милиони тони или 1,84 милиони барели дневно, што е помалку од априлските 2,17 милиони барели. Така, по 19 месеци Русија повторно дојде на позицијата најголем снабдувач со нафта на Кина.


Податоците од кинеската царина објавени во понеделникот, исто така, покажуваат дека Кина во мај увезла и 260.000 тони иранска сирова нафта, којашто исто така е под западни, во прв ред американски санкции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CT4EU (@ct_4eu)


Истовремено со зголемените испораки на сировата нафта, од Русија кон Кина се зголемени и испораките на природен гас. Челникот на руски „Газпром“ кон крајот на минатата седмица изјави дека компанијата ги зголемила испораките на гас во Кина за 67,5 отсто од јануари до мај годинава, во споредба со првите пет месеци од претходната 2021 година. Прецизираше дека побарувачката на природен гас во Кина од 2011 до 2021 година имала 32-процентен удел во растот на севкупната глобална побарувачка.

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....