Низ својата богата музичка кариера, Дино Мерлин потпиша голем број безвременски хитови – и оние што ги изведувал самиот и песни што ги напишал за други уметници. Еден од тие хитови е песната „Београд“, во изведба на Цеца Ражнатовиќ, која многумина ја сметаат за неофицијална химна на главниот град на Србија.
Интересно е што Мерлин ја напишал оваа песна уште во 1991 година, а според некои наводи, првично имал намера самиот да ја сними. Сепак, како што некои наведуваат, по долго размислување, решил да ѝ ја препушти песната на Цеца.
Во едно интервју, Дино Мерлин искрено зборуваше за Цеца Ражнатовиќ, откривајќи што всушност се случило и дали навистина решил да ѝ го препушти овој хит.
„За жал, тоа не е вистина. Песната „Београд“ е напишана за Цеца Величковиќ во Швајцарија, во Сент Гален, една ноќ на почетокот на 1991 година, на барање на нејзиниот тогашен партнер, Харун Самарџиќ. Тогаш напишав три песни за неа, вклучувајќи ја и „Београд“, изјави Дино Мерлин за Курир.
Потоа се огласи и Цеца.
„Одлучив да ја вклучам песната „Београд“ на албумот „Фатална љубов“ и додадов дел што не постоеше, за што ми помогна Оливер Мандиќ, а тоа е „Ово сечање руши меми све, мој Београде загрли ме“. Ги допишав музиката и текстот и ја составив песната „Београд“ и ја ставив на албумот. Кога албумот излезе, песната стана вистински евергрин на Балканот, поранешна Југославија и на сите што ја слушаат нашата музика. Тоа е вистината. Можеби тој заборавил, но јас не“, рече пејачката.
-Во една прилика, на почетокот на 2000-тите, кога го објави албумот „Мој је живот Швицарска“, кратко разговаравме. Требаше повторно да се слушнеме, но тоа никогаш не се случи. Убаво разговаравме, ја допревме темата. Сите три песни ми беа подарени. Во моментот кога излегуваа песните, навистина не смеев да ризикувам и да го потпишам. Тоа се негови дела и никој не може да го оспори тоа. Не сакав човекот да има никакви проблеми, бидејќи тогаш владееја луди глави, жешки глави, а јас само размислував да не го ставам во некаква непријатна ситуација“, рече тогаш Цеца.
