15:15 - 1 април, 2026

Поранешниот директор на Твитер ја предвиде судбината на компанијата со која управува Маск: „Ја уништува суштината на социјалната мрежа“

Илон Маск ќе создаде можности за конкурентите да го заземат местото на Твитер доколку продолжи да ја уништува „самата суштина“ на социјалната мрежа, изјави поранешниот извршен директор и поранешен претседател на одборот на директори на компанијата Твитер, Патрик Пишет, пренесува Блумберг.

Сè уште е „премногу рано“ да се каже дали Маск може да направи нешто добро за Твитер, рече Пишет. Меѓутоа, доколку платформата престане да биде привлечна за корисниците, конкурентите на социјалната мрежа веднаш ќе станат активни, предупредува екс-директорот.

„Ако Илон Маск ја уништи суштината на Твитер, утре наутро ќе се појават уште осум слични платформи“, рече Пишет.

Маск, кој го финализираше купувањето на Твитер во есента 2022 година, е решен да ги промени основите на компанијата на одлучувачки начин. Тој веќе отпушти околу 50% од вработените во платформата, ја забрани работата од дома, а исто така најави режим на „висок интензитет“ на кој треба да се согласат преостанатите работници, во спротивно ќе им бидат раскинати договорите.

Исто така, новиот сопственик на Твитер предупреди дека компанијата може да банкротира доколку не ги зголеми приходите. Маск има намера да ја искористи продажбата на платени претплати со различни бонуси за да ја подобри економската ситуација во социјалната мрежа.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....