9.8 C
Скопје
12:46 - 1 април, 2026

Новиот амбасадор на САД во Црна Гора е родум од Кичево, дипломат со многу признанија од Стејт департментот

Поранешниот заменик-шеф на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Подгорица, Бикс Алију, ќе биде новиот амбасадор на земјата во Црна Гора, пишуваат тамошните медиуми.

И на сајтот на Белата куќа е објавена информацијата дека Алију е кандидат. Тој е дипломат чии корени потекнуваат од Кичево, Македонија. Зборува англиски, албански, македонски, полски, српски, а комуницира на германски, турски и грчки јазик.

Алију до неодамна ја извршувал функцијата вршител на должност во американската амбасада во Будимпешта и бил заменик шеф на мисијата и вршител на должност во американската амбасада во Полска.

Алију беше во Црна Гора од август 2014 до август 2017 година, каде што беше заменик на тогашната амбасадорка Маргарет Ен Ујехара, а потоа кариерата ја продолжи во Полска, каде што беше прв конзул во Краков.

Тој потекнува од семејство на албански имигранти кои заминале во Чикаго во 1960-тите и се наоѓа на листата на најуспешни Американци со албанско потекло, пишува Вијести.

Во текот на својата дипломатска кариера освоил бројни признанија од Стејт департментот.

Алију бил координатор на Курсот за културна дипломатија во Националниот тренинг центар за надворешни работи на Стејт департментот, а во 2009 година работел како специјален советник за внатрешна политика во Вториот конгресен округ во Вирџинија.

Според медиумите, Алију бил заменик-службеник за односи со јавноста, а подоцна и специјален помошник на амбасадорот во Скопје. Тој бил вклучен во мировниот договор од Рамбује, а подоцна работел со специјалниот пратеник на САД за време на кризата во Македонија.

 

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....