03:03 - 12 јули, 2026

(Фото) Miss Tourism Universe: Македонката Ева освои две титули во Либан

Минатиот викенд во Бејрут, Либан, се одржа деветтото издание на интернационалниот избор за женска убавина MISS TOURISM UNIVERSE 2022.

Македонија ја претставуваше 19-годишната Ева Јовановска од Тетово, која успеа да освои две титули: Miss TEEN, како најдобра во конкуренција на девојки до 19 години и титулата 6-та придружничкa (6th runner up) во конкуренција на 30 учеснички од исто толку држави од целиот свет.

Вкупна победничка е Мис Венецуела, титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Киргистан, а Втора придружничка е Мис Италија.

Ева е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценца за Македонија за овој престижен интернационален избор за убавина. На јавноста ѝ е позната како водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Еден од членовите на жирито кое одлучуваше за тоа кои девојки ќе понесат титули беше и Мики Црнокрак.

„Многу добар избор, во организација на Style Events Organisation, на чело со мојот добар пријател Ели Нахас, кои од 2014 година го организираат овој избор во Бејрут. Девојките поминаа прекрасни 15 дена во Бејрут, исполнети со многу прошетки, посети на фантастични места во Бејрут и целиот Либан, забави, но секако и подготовки за финалето кое се одржа во театарската сала на Casino du Liban во Бејрут, на кое нашата Ева освен како мисица се претстави и со извонредна балетска точка преку која го покажа својот талент за играње, а големиот аплауз од преполната сала покажа дека нејзиниот настап беше навистина одличен. Впрочем, нејзиното комплетно претставување беше на највисоко ниво, навистина во најдобро светло се презентираше себе, Модното студио Црнокрак и Македонија, што на крај и го покажаа двете освоени титули“ – вели Мики Црнокрак.

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....