16:36 - 1 април, 2026

Има многу работи за кои не можам да зборувам – Вучиќ по средбата со Макрон

Има многу работи за кои не можам да зборувам. Разговаравме за билатералните односи, очекувам негова посета следната година – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата во Париз со неговиот колега Емануел Макрон.

– Ги донесов сите документи кои ги потврдуваат ставовите на Србија, зборував за тоа дека сакаме да се стабилизира ситуацијата, но и за фрустрациите на нашиот народ. Разговаравме за европската перспектива, за сите прашања за соработка меѓу двете земји – рече Вучиќ.

Запрашан дали има можност да се сретне со Аљбин Курти, Вучиќ одговори потврдно, но дека не верува дека тоа ќе се случи.

– Имав добра средба од гледна точка на нашите билатерални односи, а што се однесува до односите со Приштина, не гледам причина да бидам оптимист – рече Вучиќ.

Србите од Косово и Метохија, потсети српскиот претсдеател јасно ги напишаа условите за враќање во институциите во Приштина.

– Многу сме далеку од тоа – изјави тој.

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....