6.8 C
Скопје
02:49 - 31 март, 2026

ВРЕМЕ Е ЗА РУЧЕК: Пилешки копани со лимон, лук и рузмарин подготвени за половина час

Лимонот и лукот ќе му дадат посебна арома и вкус на пилешкото месо. Лесното приготвување дополнително ќе ве привлече, а овој нов рецепт ќе стане ваш омилен.

Едноставните јадења се најчесто и највкусни, потврдува и рецептот на познатата готвачка Нигела Лосон за пилешко со лук и лимон.

Не е потребно да сте вешти во кујната бидејќи доволно е да ставите сè во плехот за печење, да додадете лимон, неколку чешниња лук, зачини по желба и да се препуштите на уживањето во мирисите што ќе шират од рерната.

Резултатот е сочно и меко месо кое освојува со освежителен вкус благодарение на лимонот.

Состојки за пилешко со лимон, лук и рузмарин:

– 6 пилешки копани
– 1 главица лук
– 1 голем лимон
– 1 лажица мајчина душица или неколку свежи листови
– 3 лажици маслиново масло
– 150 мл бело вино
– сол, бибер
– рузмарин

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 целзиусови степени. Поделете го пилешкото на парчиња и излупете неколку чешниња лук. Исечете го лимонот на кругови. Ставете ги сите состојки во сад и подмачкајте ги.

Ставете ги копаните во садот за печење, додадете ги лимонот, лукот и мајчината душичка. Истурете го виното и печете ги половина час, но покриени со фолија или хартија за печење.

Извадете ја фолијата и печете уште неколку минути на 200 целзиусови степени додека не добијат крцкава кора.

Послужете со гарнир по желба.

Добар апетит!

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....