-0.2 C
Скопје
18:39 - 22 декември, 2024

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО СИРИЈА: Мухамара – лесен и егзотичен намаз

Мухамара е хранлив намаз со потекло од сирискиот град Алепо. Направен е со комбинација од печени црвени пиперки, маслиново масло и мелени ореви. Пиперките му даваат на јадењето посебна сладост и вкус на печено, додека мелените ореви го прават возбудлив во текстурата.

Во намазот често се додаваат сок од лимон, засладувач од калинка, лук и сол. Традиционално се подготвувал во аван, но со модерните апарати текстурата може да варира од зрнеста до мазна. Обично се служи поединечно во мали чинии или во поголеми чинии, кога се консумира заеднички.

Свежо печен пита леб е суштинска придружба на секој намаз мухамара и обично се сече во триаголници и питата се користи како прибор за да се извлече намазот. Мухамара често е дел од мезе и се служи заедно со баба гануш, лабнех или хумус, но исто така често се користи како намаз за суров зеленчук или сос што ги придружува јадењата од месо и риба на скара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ezra (@ezrarestaurant)

Потребни состојки:

– 3 големи црвени пиперки
– 1 чаша плус 1 лажица ореви, поделени
– 3 лажици засладувач од калинка(нар), дополнително за гарнир
– 2 лажици маслиново масло
– 3 чешниња лук, излупени
– 1 лажица свежо исцеден сок од лимон
– 1 лажичка мелен ким
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка црвен пипер
– 1/2 чаша лебни трошки

Подготовка:

1. Испечете ги пиперките и излупете ги.
2. Ставете 1 чаша ореви, засладувач од калинка, маслиново масло, лук, сок од лимон, ким, сол и бибер и црвен пипер во процесор за храна/блендер. Мешајте додека да се соедини.
3. Исчистените пиперки додадете ги во процесорот за храна и измешајте заедно додека смесата не се изедначи. Додадете ги лебните трошки и пулсирајте додека не се соединат. Ако смесата е премногу лабава, додадете малку повеќе лебни трошки и ако е премногу густа, додадете малку повеќе маслиново масло и сок од лимон.
4. Мухамарата послужете ја во чинија и полијте со засладувач од калинка, украсете со семки од калинка и 1 лажица сецкани ореви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Felicity Spector (@felicityspector)

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....