08:56 - 13 ноември, 2026

Во Македонија, како во Русија: Уметноста на заборавената „Невски“ торта

невски торта, рецепт

„Невски пирог“ е традиционална руска слатка пита или торта која датира од советско време, кога редовно се продавала во мали ресторани или кафулиња, честопати на парче. Се прави од меко квасно тесто натопено со шербет и наполнето со крем на база на путер во средината.

Тестото се прави со брашно, шеќер, путер, вода, сол, јајца и квасец. Откако ќе стаса, се пече додека не стане кафеаво и сјајно (поради белките од јајца), а потоа се натопува со шербет составен од шеќер, коњак и вода. Кремот е направен со путер, шеќер во прав, ванила и кондензирано млеко.

Тортата Невски се сече на половина, потоа се полни со крем, додека најголе се наросува со шеќер во прав. Рецептот бил развиен во 1975 година, а питата се продавала како големо тркалезно лепче или на парче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oлеся 🏠 (@lesiakary)

Потребни состојки за тестото:

– 288 гр брашно
– 78 гр шеќер
– 68 гр путер (собна температура)
– 1 јајце
– 142 гр вода
– 1 гр сол
– 5 гр сув квасец

Подготовка:

1. Започнете со правење на пред-ферментација. Во сад измешајте сув квасец со 50 гр брашно и 70 гр топла вода. Покријте ја смесата со фолија и оставете ја да отстои 1 час.

2. Во сад за мешање измешајте јајца, шеќер и сол додека не се изедначи. Додадете го стасаното тесто (пред-ферментација) со остатокот од водата и повторно измешајте. Додадете го остатокот од брашното и месете го тестото додека не се изедначи текстурата. Започнете со додавање путер и продолжете со месење на тестото додека не се впие целосно и тестото повеќе не се лепи за садот.

3. Оставете го тестото покриено во садот и оставете да нарасне околу 1 час. Потоа преклопете го неколку пати за да му излезе воздухот. Оставете да нарасне уште еден час.

4. Обликувајте го тестото во топка и ставете го на плехот. Намачкајте го со белка и покријте го со стреч фолија. Оставете да нарасне 20 минути и загрејте ја рерната на 190°C.

5. Откако ќе нарасне тестото, извадете ја фолијата и ставете ја во рерна. Печете околу 30 минути.

Потребни состојки за шербетот:

– 86 гр шеќер
– 10 гр коњак
– 95 гр вода

Припрема:

Во мало тенџере, додадете шеќер во вода и оставете да зоврие, додека шеќерот не се раствори. Изладете и додадете коњак.

Потребни состојки за кремот:

– 60 гр шеќер во прав
– 140 гр путер
– 60 гр слатко кондензирано млеко
– ванила

Припрема:

1. Омекнете го путер на собна температура.

2. Во сад измешајте ванила, шеќер во прав и омекнат путер. Започнете со матење, полека додавајќи слатко кондензирано млеко. Изматете го кремот додека не добие лесна текстура.

3. Кога сите ваши состојки се готови, исечете ја изладената торта на пола(во средина-хоризонтално), и натопете го долниот дел со шербет.

4. Оставете му неколку минути да го апсорбира шербетот, а потоа нанесете крем одозгора.

5. Покријте со горната торта и посипете со шеќер во прав.

Извор: „rbth“

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....