30.8 C
Скопје
11:44 - 24 август, 2026

Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Грчка пита (РЕЦЕПТ)

Многу риба, морски плодови, суфлаки, фета сирење, грчка пита и многу слатки десерти ја карактеризираат грчката кујна. Свежите производи, употребата на ароматизирани растенија и зачини, маслиновото масло и едноставноста се основни карактеристики на грчката кујна.

За денес ќе ви го откриеме традиционалниот рецепт на грчката пита за која не треба да сте мајстор за подготовка на кори или сукање. Сите сотојкиво еден сад и питата е готова.

Состојки:

– 3 јајца
– 250ml јогурт
– 1 прашок за печиво
– 500g брашно
– 150g шунка
– 150g сирење
– 10 кисели краставички
– масло
– сол
– бибер

Подготовка:

Најпрво исечкајте ги краставичките и шунката на ситни коцки. Во подлабок сад соединете ги сите состојки, освен сирењето, додека не добиете убаво меко тесто.

Ставете масло во тава за печење, размачкајте го, па нанесете го тестото. Печете 15 минути на 200 степени.

Извадете ја питата, изрендајте го сирењето и продолжете со печење уште 5 минути.

Кога малку ќе се олади, исечете ја и послужете.

Добар апетит!

Слични објави

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо
Се вчитува....