16.8 C
Скопје
17:48 - 12 март, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ПРВО КУРС, ПОСЛЕ КЛУЧ: Вака изгледа новиот апартман во ледениот хотел во Шведска

леден хотел ice hotel

Еден од најстудените хотели во светот, „Icehotel“ во Шведска кој се наоѓа на 200 километри северно од Арктичкиот круг во Јукасјарви, неодамна претстави нов апартман, пренесува „B92“.

Апартманот е Дизајниран е од принцот Карл Филип Бернадоте и неговиот деловен партнер Оскар Килберг. Апартманот се вика „Сон на летната ноќ“ и содржи цветни елементи и други растенија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ICEHOTEL Sweden (@icehotelsweden)

Дизајнерите изјавија дека нивната цел е да го прикажат празнувањето на летната краткоденица (Midsummer), еден од најславените празници во Шведска.

„Има ли подобар начин да се покаже убавината на мразот отколку кога најубавите цвеќиња ќе се вклопат во арктичката средина? Скандинавската природа што нè опкружува игра голема улога во нашата култура“, велат тие.

Инаку, „Icehotel“ го отвори Ингве Бергвист во 1989 година и оттогаш се гради и реновира секоја зима. Пред пет години беше отворен Icehotel 365, постојана локација во рамките на хотелот опремен со технологија за ладење на соларна енергија. Отворен е преку целата година, има бар, уметничка галерија и неколку апартмани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ICEHOTEL Sweden (@icehotelsweden)

Според податоците од официјалната веб-страница, температурата во внатрешноста на хотелот се движи од -5 до -7 Целзиусови степени. Гостите добиваат вреќи за спиење и мора да посетуваат курс за преживување за да се прилагодат на оваа ледена средина.

Слични објави

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо
Се вчитува....