18:43 - 10 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ МАФИНИ СО БЕЛО ЧОКОЛАДО И МАЛИНИ: Несекојдневна и извонредна комбинација на вкусови

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи мафини со бело чоколадо и малини.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСЕН ЛИМОН КОЛАЧ: Вкусен колач за со шолја кафе или чај

„Киселкастиот вкус на малинките се неутрализира и супер се комбинира со белото чоколадо“.

Потребни состојки:

  • 1/2 шолја јогурт
  • 1/2 шолја вода
  • 1/2 масло
  • 1/2 пециво
  • 3 јајца
  • 3 шолји брашно
  • 150 гр шеќер
  • парченца чоколадо, мафини

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

– Изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ги сите течни состојки, па сите суви состојки. Убаво измешајте и наполнете ги хартиените корпици во плехче за мафини. Ставете парчиња чоколадо и малинки и печете ги во загреана рерна на 180-200 С околу 15 тина-20 минути.

– За дали се готови може да проверите со чачкалица од страна на мафинот. Оставете ги да се изладат, мене така ми се поубави. Доколку сакате поблаги ставете 200/250 гр шеќер, а може да додадете и растопено бело чоколадо во тестото.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПУДИНГ ТОРТА СО ЈАБОЛКА: Есенско зимски десерт кој се топи во уста

 

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....