12:54 - 2 април, 2026

(РЕЦЕПТ)ГОТВИМЕ СО ТЕА: Превкусен, полнет мисиркин ролат со кој ќе ги импресионирате домашните!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ)ГОТВИМЕ СО ТЕА: Нема подобро филмско мезе од мексикански чипс!

Теа денес ни подготви мисиркин ролат полнет со суви домати и моцарела, збогатен со крем сирење.

Потребни состојки:

▪️ 800 грама мисиркино филе
▪️ 125 грама моцарела
▪️ 150 грама крем сирење
▪️ суви домати
▪️ 2 лажици мед
▪️ масло за јадење
▪️ сол и црн бибер

Приготвување:

1. Ставете најлонска фолија на штица и убаво исчукајте го мисиркиното филе, за да биде тенко и да може да се завитка.
2. Убаво посолете го и зачинете го со мелен бибер.
3. На алуминиумска фолија наредете ги едно до друго парчињата мисиркино филе.
4. Врз нив ставете ги крем сирењето, моцарелата и сувите домати. Завиткајте го филето така што ќе формирате ролат.
5. Ролатот премачкајте го со масло, обложете го со фолија и ставете го да се пече во загреана рерна на 250 степени, 30 минути со фолија, потоа извадете ја фолијата, премачкајте го со мед и печете уште 10-15 минути без фолија.

Добар апетит! 

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Васина торта – кралица на тортите уште од 1908 година!

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....