8.7 C
Скопје
11:56 - 19 февруари, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА СО ПРЕДЛОГ ЗА ДЕНЕШНИОТ РУЧЕК: Паста во доматен сос со печурки и сирење

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ТОРТИЉИ СО ПИЛЕШКО СО МОРКОВИ: Интересен и вкусен предлог за ручек

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПЕЧЕНО ПИЛЕШКО СО ПЕЧУРКИ И КАШКАВАЛ: Само го ставате во рерна и готово е!

Денес Мартина ни направи паста во доматен сос со печурки и сирење. Паста е секогаш добра идеја. Милион комбинации и милион вкусови, а секогаш одлична идеја за брз ручек или вечера. Пене паста, доматен сос, безброј зачини и многу сосчиња. Се комбинирано заедно дава еден перфектен спој на вкусови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Потребни состојки:

  • 200 гр тестенини
  • 400 мл доматен сос
  • 100 гр печурки
  • 5-6 маслинки
  • фант сос од сирење (растворен во 100 мл вода)

Зачини:

  • бибер
  • чили
  • сол
  • оригано
  • лук
  • мелена слатка пиперка

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСНИ МАФИНИ СО АЈВАР: Совршена ужинка за денес, или појадок за утре!

Подготовка:

Макароните сварете ги во зовриена вода. Во меѓувреме направете си го сосчето кое нема да ви одземе повеќе од 10-15 минути. На малку масло запржете ги печурките и маслинките околу 4-5 минути. Убаво зачинете со зачини по избор. Јас ставив бибер, чили и сол, оригано, лук и мелена пиперка. Додадете го доматниот сос и оставете да прокрчка уште 3-4 минути. На страна во сад со 100 мл вода измешајте го фант сосот од сирење, па додадете го во зовриениот доматен сос. Со постојано мешање гответе го сосот уште 5 минутки. Во спремниот сос додадете ги сварените макарони и убаво измешајте. Фант сосот од сирење ќе го направи сосот мноогу поубав и по кремаст. Одлична опција за замена на повеќе видови кашкавал. И тоа е тоа. Брз ручек или вечера готова за не повеќе од 15 минути. Во ова брзо време на сите ни се потребни лесни и едноставни рецепти без неколкучасовна подготовка.

Наредно на листа за пробање ми е сосот за потпечено пилешко со 4 видови сирење, а до тогаш уживајте во овие убавини. На здравје.

Слични објави

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо
Се вчитува....