29.8 C
Скопје
11:55 - 11 септември, 2026

ЛЕГЕНДАРНИОТ БРИТАНСКИ АКТЕР СЕ ПЕНЗИОНИРА: Нема многу улоги за 88-годишен актер

Мајкл Кејн

Сер Мајкл Кејн оваа недела објави дека се повлекува од актерството на 88-годишна возраст.

Легендарната филмска starвезда гостуваше во емисијата „Би-Би-Си Радио 5“ за да го промовира својот последен филм „Best Sellers“ заедно со Обри Плаза. Тој го нарекол филмот негово последно дело, истакнувајќи дека се потешко се движи.

„Не постојат многу сценарија за 88-годишен главен актер… Не работев две години и имам проблем со ‘рбетот што влијае на моите нозе, па не можам да одам добро“, откри славниот актер, споменувајќи ги своите мемоари што ги објави во последните години – „The Elephant in Hollywood“ во 2010 и „Blowing The Bloody Doors Off“ во 2018 година.

„Напишав и книга, или неколку книги што беа објавени и беа успешни, па сега не сум актер – јас сум писател“, рече тој додавајќи дека му се допаѓа книжевниот начин на живот, бидејќи како „актер треба да станеш во пет и пол наутро и да одиш во студио, како писател, можете да започнете да пишувате без да станете од кревет“, се пошегува тој.

Сер Мајкл го имаше своето деби во долгометражниот филм во „A Hill Korea“ во 1956 година. Продолжи да снима голем број успешни филмови во текот на 1960-тите, вклучувајќи ја и драмата „Alfie“, која му ја донесе првата номинација за Оскар.

Како што поминуваа годините, тој се појави и во култниот филм „The Italian Job“ заедно со Ноел Коуард и Бени Хил.

Во 1980-тите, конечно го освои својот прв Оскар за филмот на Вуди Ален, „Hannah And Her Sisters“.

Тој ги воодушеви обожавателите со улогите во хит филмовите како трилогијата на Кристофер Нолан за Бетмен во која го глумеше верниот батлер Алфред. Сер Мајкл очигледно имал добри работни односи со режисерот, бидејќи тие исто така соработуваа и на филмот „Inception“, како и во најновиот филм на Кристофер, „Tenet“.

Филмот „Best Sellers“ е снимен непосредно пред пандемијата на коронавирус да го погоди светот, и конечно беше објавен минатиот месец.

Слични објави

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 септември: Не пропуштајте ја можноста да ги претставите своите идеи

apostolova

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо
Се вчитува....