-1.2 C
Скопје
01:33 - 19 февруари, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСЕН ЛИМОН КОЛАЧ: Вкусен колач за со шолја кафе или чај

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ЕНЕРГЕТСКИ ЧОКО-КОКОС БОМБИЦИ: Благо поради кое нема да чувствувате вина!

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи посен лимон колач.

„Преубав, сочен и одличен колач за со шолја од омиленото кафе или чај. Многу брз и лесен за подготовка и од само неколку состојки кои ги имаме по дома“, вели Мартина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Потребни состојки:

  • 1 пециво
  • кора од 1 лимон
  • 100мл масло
  • 150-200 гр шеќер
  • 250гр брашно
  • 250мл кисела вода

РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПАВЛОВА: Одличен десерт за во сабота!

Подготовка:

Потребно е само да ги измешате сите состојки со лажица, вилушка или маталака, нема потреба од миксер. Јас ставив 200 гр шеќер, а можете и помалку. Префрлете ја смесата во мало плехче обложено со хартија за печење @fino.makedonija за полесно и побрзо да го извадите после. Печете го во загреана рерна на 160/180 С околу 1 час. Со чачкалица проверете дали е печено. Извадете го од калапот и оставете го целосно да се излади. Исечете го на парчиња и уживајте во преубавиот мирис и вкус.

На здравје!

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....