12:37 - 2 април, 2025

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Веге брауни со малина – подобри од оригиналот!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Теа ни ги подготви добро познатите шведски ќофтиња со пилешко месо, но доколку сакате можете да ги направите и од јунешко или свинско мелено месо.


Потребни состојки:

🥥100 гр. кокосово брашно
🥥40 мл. мед
🥥40 мл. стопен кокосов крем или кокосов путер
🥥100 мл. кокосово млеко
🥥прстофат сол
🥥150 гр. малини (смрзнати или свежи)
🥥3 лажици мед
🥥1 лажица сок од лимон
🥥250 гр. темно чоколадо

Начин на подготовка:

– 1/3 од чоколадото растопете на тивок оган и премачкајте ги калапите.
– Ставете ги во замрзнувач 30 минути да се изладат.
– Во меѓувреме во тенџере на оган ставете ги малините со 3 лажици мед и 1 лажица сок од лимон да се загрева и варете го 15 минути со постојано мешање, да добиете смеса како мармалад.
– Потоа растопете уште половина од преостанатото чоколадо, премачкајте ги калапите и вратете ги уште 30 минути во замрзнувач.
– После 30 мин во калапите ставете тенок слој од малините и вратете ги на ладење 15 минути.
– Кокосовото брашно измешајте го со стопениот кокосов крем и кокосовото млеко и распоредете го во калапите врз малината.
– Повторно изладете ги 15 минути и на крај премачкајте ги со преостанатото стопено чоколадо.
– Доколку немате калапи можете да ги направите во обично тавче обложено со мрсна хартија. (Додадете плус по половина од сите состојки). Натапкајте ја убаво мешавината од кокосовото брашно, врз неа ставете ги малините и ставете ги во замрзнувач 30 минути. Потоа исечете ги и секое извалајте го во стопено чоколадо. Наредете ги на мрсна хартија и убаво изладете ги.

На здравје!

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Направете си и уживајте во Банана лепче, не се важи за десерт!

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Шведски ќофтиња – за да ве радува топол оброк на тмурен ден

Слични објави

Дара Бубамара ги исплука колегите: Има тешки глупости на естрадата, немаат талент

Еспресо

(Фото) Еве како Николина Пишек ја уреди вилата од 2 милиони евра! Водителката пазела на секој детаљ, на ѕидовите има голема слика и од Тито

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели сладок момент од синот: Малиот Марио трча во пелени, ужива во сончевиот ден

Еспресо

(Фото) Позната пејачка дошла без заби во емисијата на Сања Маринковиќ! Водителката ѝ порачала нешто, а таа со рака ја покрила устата…

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Биковите ќе запознаат некој интересен преку социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо
Се вчитува....