14:05 - 2 април, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Пилешка супа за душа!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Теа денес ни направи  пилешка супа со кнедли, која ќе ве стопли и ќе ви го зајакне имунитетот

Потребни состојки:

▪️ свежо пиле
▪️ 3-4 големи моркови
▪️ 1/2 корен од целер + листови
▪️ 1/2 пашканат
▪️ 1л. вода
▪️ масло
▪️ мешан сув зеленчук
▪️ бибер
За кнедли:
▪️ 1 јајце
▪️ 4-5 лажици гриз
▪️ 2 лажици масло
▪️ 1 лажичка мешан сув зеленчук

Подготовка:

Пилето поделете го на делови и ставете го да се вари во тенџере со вода и малку сол. Откако ќе се свари од месото отстранете ги коските и кожата, а водата во која се вареше зачувајте ја за супата.
Во мал длабок сад искршете го јајцето и изматете го со вилушка. Во него додадете масло и мешан сув зеленчук, а потоа постепено мешајќи додавајте го гризот (смесата не треба да биде многу густа). Оставете го настрана за да набабри.

Во тенџере на оган ставете малку масло и морковите исецкани на кругчиња. Оставете ги да се пропржат некоја минута додека да пуштат боја, а потоа додадете ја водата во која се вареше пилето. Во неа додадете ги коренот од целер и пашканатот изрендани на крупната страна од рендето, зачинете и додадете го месото. Откако ќе почне да врие тргнете го тенџерето на страна и со мала лажичка почнете да ставате од смесата за кнедли во супата. Потоа вратете ја на тивок оган супата и оставете ја да поврие 15 минути. На крај додадете исецкани листови целер и бибер.

Доколку сакате да направите помала количина на супа, со копанчињата и плешките направете си ориз во рерна.

На здравје и уживајте!

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....