23:42 - 6 април, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Лазања – Уживајте во прекрасните вкусови на Италија

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

А денес Теа ни подготви  лазањи кои се толку лесни за подготовка и се неверојатно вкусни.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Шведски ќофтиња – за да ве радува топол оброк на тмурен ден

Потребни состојки:

  • 1 кутија лазањи
  • 1 супа од печурки
  • 800 мл. вода
  • 400 гр. мелено месо
  • 100 мл. сос од домати
  • 1 главица кромид
  • 150 гр. кашкавал
  • кечап по потреба
  • Оригано, босилек
  • Сол и црн бибер
  • Масло за јадење

Подготовка:

– Водата ставете ја во тенџере на оган. Кога ќе почне да врие ставете ја супата од печурки и варете ја неколку минути. Кога ќе се свари тргнете ја на страна. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го во тавче на загреано масло да се пржи. По некоја минута пржење додадете го месото и убаво испржете го. Зачинете го месото со сол, бибер, оригано и босилек и додадете го сосот од домати. На ниска температура оставете го месото да покрчка заедно со сосот 5 минути.

– Во тавче за печење ставете од супата колку да се покрие површината на тавчете. Потоа наредете еден ред лазањи, повторно ставете од супата, па од месото и малку кашкавал. Поделете си ги состојките, така што ќе имате доволно за да наредите три реда. На крај завршете со лазањи, супа и малку кашкавал. Доколку сакате може да ставите и малку кечап. Затворете го тавчето со алуминиумска фолија и печете ги лазањите 30 минути на 250 степени. По 30 минути извадете ја фолијата и вратете ги во рерна лазањите уште 10 до 15 минути за да се запечат одозгора.
Кога ќе бидат готови оставете ги 15 минути надвор од рерна да се стегнат пред да почнете со послужување.

На здравје!

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Прекрасни пица панцероти – љубителите на домашно тесто ќе „полудат“

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....