13.8 C
Скопје
14:06 - 17 март, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Гурманско уживање – мисиркина плескавица во лепче полнета со моцарела!

готвиме со теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Пилешки увијачи – сочни и вкусни одвнатре, крцкави однадвор

Теа денес споделува со сите вас нешто гурманско – мисиркина плескавица во лепче полнета со моцарела!

„Иако за плескавица не е карактеристично да се прави од мисиркино мелено месо, јас ја подготвив и можам да ви кажам дека поубава и посочна плескавица не сум пробала. Тоа што се пече во лепче ѝ дава посебен шмек“, вели Теа.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Динстани телешки котлети со сос, во комбинација со пире и спанаќ

Потребни состојки:

За плескавица:

  • 550 гр мелено мисиркино месо
  • 1 јајце
  • 1 кромид
  • 1 пиперка
  • 3 лажици лебни трошки
  • 1 лажичка мешан сув зачин
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка благ буковец
  • бибер
  • 1 моцарела

За тесто:

  • 150 гр брашно
  • 1/2 кесичка сув квасец
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 75 мл млака вода
  • 30 мл масло

 

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете го брашното и измешајте го со солта. Во средината направете дупка и во неа ставете ги млаката вода, шеќерот, квасецот и маслото. Измешајте и оформете тесто. Покријте го садот со крпа и оставете го да стасува 20-30 минути. Месото ставете го во длабок сад и во него додадете ги кромидот ситно исецкан, пиперката ситно исецкана, јајцето, лебните трошки и зачините. Убаво измешајте и поделете ја смесата на два дела. Во тавче на мрсна хартија ставете го едниот дел во форма на голема плескавица. Брз неа ставете ја моцарелата и потоа поклопете ја со останатото месо. Формирајте голема плескавица и ставете ја да се пече во загреана рерна на 250 степени 15-20 минути. Од тестото развлечете округла кора. Во средината ставете ја плескавицата и околу затворете ја со тестото. Ставете ја да се пече додека да се испече тестото.

На здравје и уживајте!

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....