02:15 - 12 ноември, 2026

Полнети печурки со спанаќ и со сирење

Состојки:
– 20 печурки шампињони
– 2 чешниња лук
– 4 шолји свеж спанаќ
– 220 грама крем сирење
– сол, бибер
– 1/4 шолја пармезан
– 1/4 шолја презла

Подготовка:
Измијте ги шампињоните и одвојте ги стебленцата од капите на шампињоните. Наредете ги капите на намачкан со масло плех за печење, а стебленцата од шампињоните ситно исечкајте ги и испржете ги во тава на блага температура. Исечканите стебленца од печурките пржете ги со лукот, а потоа додајте ги спанаќот, крем сирењето, солта и биберот. Кога состојките убаво ќе се испржат и соединат, земете една лажица од добиената смеса и наполнете ги капите од печурките. Наполнетите печурки посипете ги со презлата и пармезанот, а потоа печете ги на 190 степени околу 12 до 15 минути.

Слични објави

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Што да јадете за подобра меморија? Овие намирници можат да помогнат во зачувувањето на здравјето на мозокот

К.С.
Се вчитува....