20.8 C
Скопје
14:35 - 22 октомври, 2026

Нов удар на Нетфликс врз кралското семејство: По смртта на Елизабета Втора следува приказната за посебниот однос помеѓу Филип и неговата „пријателка“

Новата сезона на хит серијата „The Crown“ би требало да биде многу атрактивна – наводно ќе содржи експлицитни сцени од принцот Филип и неговата љубовница.

Нетфликс ја разбранува јавноста откако се појави веста дека платформата можеби ќе прикажува сцени кои алудираат на тоа дека принцот Филип имал афера со блиската пријателка Пени Кначбул во новата сезона на „The Crown“.

Хит серијата треба да се врати на екраните на 9 ноември, а некои кралски набљудувачи се загрижени за содржината на новата сезона.

Магазинот „Сан“ објави дека приказните во претстојните епизоди ќе вклучуваат „интимни сцени“ меѓу покојниот војвода од Единбург и грофицата Маунтбатен од Бурма, која била 30 години помлада од него. Наводно се снимени сцени од двајцата како се допираат за раце, додека Филип зборува за својот брак, потег што поранешниот секретар за печат на покојната кралица го нарече „суров“.

Дики Арбитер, портпарол на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора од 1988 до 2000 година, рече дека е невкусно такви сцени да се прикажуваат само неколку недели по нејзиниот погреб.

„Тоа следува само неколку недели откако нацијата го положи нејзиното височество до принцот Филип, ова е многу невкусно и, искрено, сурово ѓубре“, изјави тој, додавајќи: „Вистина е дека Пени беше долгогодишна пријателка на целото семејство. Нетфликс не се грижи за чувствата на луѓето“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crown (@thecrownnetflix)

Оваа вест ја прокоментира и главната уредничка на магазинот „Majesty“, Ингрид Севард: „Тоа е исклучително лош вкус. Ова е фикција. Нема шанса во милион години тој да разговарал со некого за својот брак. Кралското семејство веројатно нема да го гледа тоа поради сопствениот разум“.

Извор на Нетфликс изјави за MailOnline дека навестувањата за содржината на следната сезона се „чиста шпекулација“.

Инаку, Пени била нарекувана „втората најважна жена“ во животот на принцот Филип, а поради нивната заедничка љубов кон возењето со кочија, нивното пријателство траело со децении. Се зборува дека Филип ѝ давал голема поддршка кога нејзината петгодишна ќерка Леонора починала од рак на бубрези во 1991 година.

Всушност, Пени беше единствената личност надвор од семејството која беше поканета на интимниот погреб на Филип минатата година, на кој присуствуваа само 30 лица, што покажува колку важна улога имала во животот на Филип.

Слични објави

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.

Искуство од пациент во Клиника „Жан Митрев“: Приказна за сложени хируршки предизвици, стручност и посветеност

СП.

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо
Се вчитува....