24.8 C
Скопје
23:50 - 11 септември, 2026

Подобро од купечкото: Песто од ореви и босилек

Состојки:

10 чешниња лук

100 грама ореви

400 грама свежи листови од босилек

100 грама свеж магдонос

100 милилитри маслиново масло

сол и црн бибер

Подготовка:

Во загреана тава на оган (без додавање масло) ставете ги оревите да се потпечат. Кога ќе добијат убава боја, тргнете ги од оган и оставете ги кратко да се оладат.

Потоа вака подготвените ореви ставете ги во сад за толчење, во кој претходно сте ги додале исчистениот лук, свежиот босилек, свежиот магдонос и сѐ убаво истолчете.

На крај во садот додајте ги маслиновото масло, солта и црниот бибер.

Повторно со толчникот убаво изгмечете ги состојките.

Со тоа, пестото од ореви и босилек е готово за јадење.

Слични објави

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.
Се вчитува....