5.8 C
Скопје
07:07 - 20 април, 2024

Демонстрантите во Бејрут обесија картонски ликови на премиерот и членовите на владата (ВИДЕО)

За време на денешните антивладини протести во Бејрут, демонстрантите кренаа лажни бесилки кои станаа главен симбол на демонстрациите во кои се бара од властите да преземат одговорност за експлозијата, корупцијата, како и лошото управување со земјата.

Граѓаните поставија бесилки на истото место каде пред повеќе од 100 години тогашното Османско Царство обесило неколку луѓе поради бунтот против Истанбул.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како неколку демонстранти на бесилките ставаат картонски ликови од претседателот на Лбан, премиерот и други членови на владата.

Околу 5.000 луѓе се собраа на Плоштадот на мачениците во средиштето на градот, а некои од нив фрлаа и камења кон полицијата.

Полициските сили возвратија со солзавец, кога дел од демонстрантите се обидоа да ја пробијат бариерата која го блокираше патот до парламентот.

Демонстрантите извикуваа слогани како „Народот сака пад на режимот“, а носеа и натписи како „Заминете си убијци“.

Фото: EPA

-Сакаме достоинствена иднина, не сакаме крвта на жртвите од експлозијата да биде залудна – вели Роуз Сироур, една од демонстрантите.

Во експлозијата која се случи во вторникот починаа 158 лица, а повредени се над 6.000 луѓе.

The post Демонстрантите во Бејрут обесија картонски ликови на премиерот и членовите на владата (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Демонстрантите во Бејрут обесија картонски ликови на премиерот и членовите на владата (ВИДЕО) was first posted on август 8, 2020 at 8:04 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....