1.8 C
Скопје
22:24 - 17 декември, 2024

Панетоне или Пандоро, што да подарите и како се послужуваат

Што всушност знаеме за овие слатки лепчиња, кои се популарни во празничниот период и кај нас, а кон кои Италијанците негуваат традиција.

Во последниве неколку години во поголемите супермаркети и кај нас, во периодот пред новогодишните и божиќните празници, може да се најдат традиционалните италијански божиќни лепчиња познати како Панетоне или Пандоро. Која е разликата меѓу нив?

Практично спакувани, налик на мали пакетчиња со рачка или панделка, овие слатки задоволства сè почесто стануваат избор за подарок за роднините или пријателите кои ги посетуваме во празничниот период. Но, што всушност знаеме за овие слатки лепчиња, кон кои Италијанците негуваат традиција и култ. За Италијанците е исклучително важно прашањето што да се подари – Панетоне или Пандоро? Да, овој избор тие го сфаќаат многу сериозно.

View this post on Instagram

Рождество и Новый год в Италии?☄ Есть у итальянцев поговорка такая: Natale con i tuoi, Capodanno con chi vuoi? (Рождество отмечай с семьей, а Новый год – с кем хочешь), это и не случайно, ведь для этой католической страны, где все еще сильны традиции, Новый год не такое важное торжество, как Рождество, которое наступает 25 декабря. И если Рождество (Natale) – это непременно семейный ужин?‍?‍?‍?, то на Новый год (Capodanno) итальянцы любят выйти "в свет"??. Подарками принято обмениваться так же в Рождество?. И только одно остается неизменным – и тот и другой праздник не обходится без обильной трапезы и хорошего вина?, а как же иначе..?? ☝️На фото классический праздничный десерт – пирог Panettone (Панеттоне), очень напоминающий наш пасхальный кулич. С Новым годом, друзья!?? Ваши #lagrottatver ❤ #сновымгодом#тверь69#италия#вкусно#рождество#итальянскийресторан#лагротта#buonnatale#panettone#ristorante#buono

A post shared by ꧁La Grotta di Pietro Mazza꧂ (@lagrottatver) on

И двете, и Панетоне и Пандоро, се типични италијански колачиња, но секое со различно потекло, состојки, рецепт по кој се прави и вкус кој им дава уникатност. И двете, и Панетоне и Пандоро имаат прекрасна и богата историја поврзана со два града во северна Италија. Пандоро потекнува од Верона, романтичниот град кој странците ги асоцира на приказната за Ромео и Јулија, додека Панетоне припаѓа на миланската традиција, поточно тоа е првиот, најстариот создаден колач во Милано.

Фото-Фејсбук
Пандоро

Панетоне се прави од брашно, путер, јајца, шеќер и зашеќерено цитрусно овошје и суво грозје, додека Пандоро се прави само со брашно, путер и јајца (и ништо друго). Но, и изгледот на овие слатки е многу важен при изборот на вашиот фаворит. Пандоро личи на ѕвезда со 8 крака, инспирирана од ѕвездата на тортата наречена Надалин, која се подготвувала во некои семејства во Верона во 1800-те години, додека Панетоне нема баш толку романтичен изглед со оглед на тоа дека има цилиндрична форма која завршува со облик на купола.

И не само тоа, и двете божиќни слатки задоволства имаат различна целна група на купувачи. Децата, но и оние кои не сакаат суво грозје, ќе изберат Пандоро. Колачето треба да се загрее прд да се послужи, а се послужува со шлаг, прелив од чоколада или „нутела“.

Панетоне пак, се служи ладно, и претставува вкусен десерт кој не „трпи“ додадоци на себе. Ќе го одберат возрасните кои го обожаваат во комбинација со чаша пенливо вино.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....